Седница на Совет на ЈО, треба да се бира нов шеф на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски повторно сака избор
- Во трка за нов шеф на скопското ОЈО се петмина кандидати, меѓу кои и досегашниот прв човек на ова обвинителство Гаврил Бубевски. Освен Бубевски, кандидати на шеф на ОЈО Скопје се и Тања Трајчевска, Анел Фидоски, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) – Советот на јавните обвинители денеска треба да ја одржи 36. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, е и донесувањето одлука за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.
Во трка за нов шеф на скопското ОЈО се петмина кандидати, меѓу кои и досегашниот прв човек на ова Обвинителството, Гаврил Бубевски, поранешен член на СЈО, кое се распушти поради корумпираност, а во ЈО има предмет и за бонусите делени во СЈО во милионски износи поради што во судир со ексшефот Коцевски дојдоа вишите обвинители Хајрулахи и Цветановски.
Освен Бубевски, кандидати на шеф на ОЈО Скопје се и Тања Трајчевска, Анел Фидоски, Дејан Петрески и Спасенка Андонова. аа/дј/
Фото: МИА архива