Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите
- Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите денеска ќе ја одржи десеттата седница.
![Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите](https://new.mia.mk/index.php/images/20231101205138_big_730x400_60.webp )
Скопје, 16 ноември 2021 (МИА) - Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите денеска ќе ја одржи десеттата седница.
На дневен ред на оваа седница се: Извештајот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија за посебните истражни мерки во 2020 година, Ревидираниот Годишен финансиски план за 2021 година на Оперативно-техничката агенција за средствата од надоместоците од Агенцијата за електронски комункации и Дополнувањето на ревидираниот Годишен финансиски план за 2021 година на Оперативно-техничката агенција за средствата од надоместоците од Агенцијата за електронски комункации.фф/са/