• петок, 27 декември 2024

Седница на собраниската Законодавно - правна комисија

Седница на собраниската Законодавно - правна комисија
Скопје, 19 април 2022 (МИА) - Законодавно-правната комсија при Собрание на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која треба да ја утврди усогласеноста со Уставот и со правниот систем на Предлогот на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС). Меѓу точките по кои треба да се изјасни се и Предлог на закон за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан, Предлог-законот за дополнување на Законот за животната средина (Поднесен од: Ненад Коциќ, Виолета, Маја) и измените на Законот за домување, по скратена постапка. вг/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан