Седница на Извршниот комитет на ВМРO-ДПМНЕ
- ВМРO-ДПМНЕ вечерва во 18 часот во партиското седиште ќе одржи седница на Извршниот комитет, на која како што најавуваат од партијата се очекува да стане збор за актуелни теми после собраниската седница на која не се гласаше за усвојување на потребата за уставни измени.
Скопје, 21 август 2023 (МИА) – ВМРO-ДПМНЕ вечерва во 18 часот во партиското седиште ќе одржи седница на Извршниот комитет, на која како што најавуваат од партијата се очекува да стане збор за актуелни теми после собраниската седница на која не се гласаше за усвојување на потребата за уставни измени.
Во Собранието денеска пратеникот Миле Лефков го повтори барањето на партијата Џафери да свика продолжение на оваа седница на која би се гласало за уставните измени и да се види дека мнозинството нема доволен број гласови за уставни измени по што би требало, според нив, да се оди на предвремени парламентарни избори.
Очекувањата се дека во опозициската партија ќе се разговара за натамошното делување поврзано со барањето за одржување избори.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека околу 19 часот преку изјава за медиумите ќе соопштат што било заклучено на седницата на Извршниот комитет. ев/аа/
Фото: МИА архива