• четврток, 26 декември 2024

Седницата за избор на Пенов за министер за локална самоуправа ќе продолжи по паузата

Седницата за избор на Пенов за министер за локална самоуправа ќе продолжи по паузата
Скопје, 25 октомври 2022 (МИА) - Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски објави едночасовна пауза на денешното продолжение на 88. седница на која пратениците дискутираат за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. Се очекува пратениците да продолжат до дискусијата во 15:45 часот.

Премиерот Димитар Ковачевски во експозето пред пратениците истакна дека е убеден оти Владата со Ристо Пенов во областа на локална самоуправа ќе направи многу повеќе во стратешките политики и на локално и на централно ниво.

Според опозицијата, Владата повторно прави дефокус на јавноста, додека пратениците од власта истакнаа дека Пенов е добар избор и побараа поддршка од опозициските пратеници.

Предлогот Пенов да биде избран за нов министер за локална самоуправа доаѓа откако неговиот сопартиец Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини.

Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. седница. Пенов е поранешен пратеник и градоначалник на Скопје. Еден од основачите на Либерално-демократската партија и нејзин поранешен претседател. Магистрирал на Правниот факултет во Скопје, а дипломирал на Економскиот факултет.

На дневен ред на денешната пленарна седница е и изборот на уставни судии за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. За останатите седуммина кандидати, дебатата и изјаснувањето во Комисијата не е завршено.

На дневен ред на оваа седница се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законот за здруженија и за политичките партии и друго.фф/лв/

Остани поврзан