• понеделник, 18 ноември 2024

Седлоски повторно на клупата на Шкупи

Седлоски повторно на клупата на Шкупи

Скопје, 9 септември 2022 (МИА) – Само десет денови откако му беше прифатена оставката на тренерското место на Гоце Седлоски, 48-годишниот стратег се врати на клупата на Шкупи, потврди денеска актуелниот македонски фудбалски шампион. 

Седлоски подбесе оставка по неуспешните настапи на европската сцена и бледиот старт на Шкупи во Првата македонска фудбалска лига, но серијата слаби резултати на клубот од Чаир продолжи и по неговото заминување со два врзани порази. 

Клупското раководство одлучи да го врати Седлоски на тренерската должност, а за негопв заменик го назначи поранешниот фудбалер на Шкупи, Арбен Нухиу. 

-Драги фанови, сакаме да ве информираме дека прв тренер на Шкупи ќе биде Седлоски, додека за прв асистент е поставена клупската легенда Арбен Нухиу. Заедно со нив, на позицијата претседател се враќа Суат Алија“, се наведува во клупското соопштение.

По шест одиграни натпревари Шкупи е шестопласиран со седум бодови, а следен противник на актуелниот шампион е Работнички, в недела. ег/сст/

Остани поврзан