• сабота, 27 јули 2024

Седлоски: Важна победа, ги заслуживме трите бода

Седлоски: Важна победа, ги заслуживме трите бода
Скопје, 27 септември 2021 (МИА) – Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, е среќен поради триумфот (3:1) над Академија Пандев вчеравечер на дербито во Струмица.
  • Морам да им честитам на играчите за победата која е многу важна. Мислам дека заслуживме три бода. По голот што го примивме, направив неколку замени за поголема енергија на теренот и почнавме да напаѓаме цело време. Не сакам да зборувам за досудените пенали, но можам да кажам дека создадовме многу шанси и одигравме многу добар натпревар. Сега треба да се фокусираме на следниот натпревар против Работнички, бидејќи тоа е исто така важен натпревар и ги повикувам нашите навивачи да создадат добра атмосфера на трибините, изјави Седлоски.
По осум кола во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи е со 17 бодови. Следниот натпревар чаирчани ќе го имаат н а2 октомври против Работнички. зс/

Остани поврзан