Седлоски: Автоголот што го примивме промени сè
- Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски ги искажа своите впечатоци по синоќешниот убедлив пораз (0:3) од Санта Клара во второто коло во Конференциската лига на УЕФА.
Скопје, 23 јули 2021 (МИА) – Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски ги искажа своите впечатоци по синоќешниот убедлив пораз (0:3) од Санта Клара во второто коло во Конференциската лига на УЕФА.
Гостите до водство дојдоа во 30.минута со автоголот на Абдул Руватбаја.
- Автоголот што го примивме промени сè, но тимот на Санта Клара прикажаа доста добра игра. Остануваат уште 90 тешки минути, но мора да бидеме професионални и да се обидеме во реваншот да оствариме подобар резултат, изјави Седлоски.
Реваншот во Португалија ќе се одигра на 29 јули. зс/