• сабота, 23 ноември 2024

Сегашната состојба на северот на Косово е неодржлива за сите, смета германската амбасадорка во Белград

Сегашната состојба на северот на Косово е неодржлива за сите, смета германската амбасадорка во Белград

Белград, 11 октомври 2023 (МИА) - Многу е важно што побрзо да се создадат предуслови за да се обнови дијалогот меѓу Белград и Приштина и да се спроведат договорите од Брисел во 2013 година, како и договорите од Брисел и Охрид оваа година. Тоа секако вклучува и формирање Заедница на општините со српско мнозинство, изјави германската амбасадорка во Србија, Анке Конрад.

Таа во интервју за денешен „Блиц“ вели дека е потребно спроведување деескалација како и расветлување на настаните од 24 септември во Бањска.

„Сегашната ситуација не е одржлива за луѓето на северот на Косово, како и за луѓето во Србија и Косово воопшто“, рече Конрад.Таа додаде дека треба што поскоро да се одржат нови избори на северот на Косово и дека косовските Срби треба да се вратат во заедничките институции. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан