• недела, 01 септември 2024

Севиља по обезбеденото учество во ЛШ мора да го купи Сусо за 24 милиони евра

Севиља по обезбеденото учество во ЛШ мора да го купи Сусо за 24 милиони евра
Севиља, 14 јули 2020 (МИА) - Напаѓачот на Севиља, Сусо, изнајмен од Милан, ќе остане во шпанскиот клуб, пренесува „Football Italia“. Клубот од Севиља го обезбеди своето учество во групната фаза од Лигата на шампионите 2020/21. Во случај на влез во Лигата на шампиони, Севиља е должна да го откупи договорот на 26-годишниот Шпанец за 24 милиони евра. Во сезоната 2019/20, Сусо настапи на 18 натпревари за Севиља, во кои постигна гол и направи две асистенции. зс/

Остани поврзан