• сабота, 28 декември 2024

Северот на Косово од утре ќе остане без српски регистарски таблички

Северот на Косово од утре ќе остане без српски регистарски таблички

Приштина, 15 декември 2023 (МИА) - Денеска истекува дополнителниот рок на Владата на Косово за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички во градовите во Косово на таблички РКС, а досега 3.300 сопственици на автомобили ги замениле српските косовски таблички, пренесе Бета. 

„Пререгистрирани се 3.300 автомобили, а можно е денеска да стигнеме и до 3.400 возила... Нема причина полицијата да смета дека е потребно повторно да го продолжи рокот“, изјави заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани. 

„В сабота ако полицијата наиде на автомобили што не се пререгистрирани ќе ги запре, ќе ги одземе регистарските таблички, казните се 150 евра и ќе ја одземат возачката дозвола. На возачот му е дозволено да го тргне возилото од коловозот, но ако повторно наидеме на истото возило, возилото ќе биде одземено и испратено на царина“, рече Елишани. паг/

Остани поврзан