• недела, 24 ноември 2024

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун остро го критукуваше премиерот за неадекватна реакција на поплавите

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун остро го критукуваше премиерот за неадекватна реакција на поплавите

Пјонгјанг, 22 август 2023 (МИА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун остро ги критикуваше премиерот Ким Ток Хун и другите високи функционери за, како што рече, нивната неодговорна реакција на неодамнешните поплави на обработливо земјиште долж западниот брег на земјата, се наведува во извештаитена севернокорејската агенција КЦНА (KCNA), пренесува Бета.

Летните поплави во Северна Кореја често пати предизвикуваат голема штета врз земјоделското земјиште поради лошата дренажа на почвата и уништувањето на шумите. Експертите велат дека критиките на Ким кон највисоките функционери најверојатно имаат за цел да ја префрлат вината за економските тешкотии во земјата и несигурноста во храната, или може да значи дека тој планира промена на највисокото раководство.

Ким вчера ја посети западната крајбрежна област каде што морската вода неодамна уништи насип, поплавувајќи повеќе од 270 хектари оризови полиња. Откако ја разгледа ситуацијата, Ким ги обвини официјалните лица за „многу неодговорно занемарување на должноста“.

КЦНА пренесе дека Ким го критикувал премиерот Хун за покажување „однос на случаен минувач“. Тој го нападна потпретседателот бидејќи ревносно не ги извршувал своите должности, а директорот на Бирото за мелиорација на плимата и осеката го обвини дека криел мазут што требало да се користи за градежни проекти.

За него, неодамнешните поплави се катастрофа предизвикана од човекот, наведувајќи го неуспешниот градежен проект што требаше да го подобри одводнувањето во областа. Ким додаде дека проектот напредува иако е откриено значително истекување. Тој нареди строги дисциплински мерки за одговорните за штетите од поплавите.

Ким би можел да ги искористи поплавите како шанса за реконструкција на највисоките функционери во обид да ја зајакне довербата на јавноста во неговата влада додека таа се бори да ја заживее економијата погодена од ефектите од пандемијата на Ковид-19.

Експертите веруваат дека сегашниот недостиг на храна и економските проблеми во Северна Кореја се влошени со драконските мерки против пандемијата, санкциите на Обединетите нации и лошото управување на Северна Кореја. Но, нема знаци на глад или големи јавни немири кои би можеле да го загрозат владеењето на Ким. сд/

фото: Скриншот од КЦНА 

Остани поврзан