• недела, 24 ноември 2024

Северна Македонија ќе учествува на ОСАКА ЕКСПО 2025

Северна Македонија ќе учествува на ОСАКА ЕКСПО 2025
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) - Учеството на Северна Македонија на ОСАКА ЕКСПО 2025 претставува извонредна можност за воспоставување директни контакти меѓу бизнис заедниците и за привлекување јапонски инвестиции во нашата земја, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната средба со Кенџи Вакамија, министер за ОСАКА ЕКСПО 2025, што се одржа во рамки на работната посета на Јапонија. На средбата, како што соопшти МНР, министерт Османи информираше за донесената владина одлука земјава да учествува на ОСАКА ЕКСПО 2025, светски настан од исклучително значење, што ќе се одржи во 2025 година, во градот Осака, Јапонија. -Дополнително, со учеството на ОСАКА ЕКСПО 2025 се отвора можност за зајакнување на економската соработка со Јапонија, но и зголемување на видливоста на Северна Македонија во регионот од Источна Азија, рече Османи. Министерот Вакамија се заблагодари за одлуката на нашата Влада, при што изрази очекување дека учеството на World EXPO 2025 ќе придонесе во зајакнувањето на односите меѓу двете земји, особено во делот на економијата и бизнисот. Според најавите, МНР, како координатор за организација на нашиот Национален павилјон на овој голем настан, по оваа посета, ќе отпочне со подготвителни активности за изработка на концептот за настапот, користејќи ги позитивните искуства од учеството на ЕКСПО Дубаи. ОСАКА ЕКСПО 2025 претставува глобална изложбена манифестација, на која се планира учество на околу 150 држави и 25 меѓународни организации. Претходно, за време на работната посета на Јапонија, Османи организираше бизнис форум во седиштето на Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО) на кој учествуваа високи претставници на реномирани јапонски компании, меѓу кои и Хонда, Митсубиши, Нипон Коеи и др. На настанот беа презентирани бизнис поволностите што земјава ги нуди за странски инвестиции, при што беше изразен интерес од страна на присутните бизнисмени за инвестирање во земјава.вј/дма/  

Остани поврзан