• среда, 25 декември 2024

Северна Македонија се приклучува на Европското општествено истражување 

Северна Македонија се приклучува на Европското општествено истражување 

Скопје, 5 март 2021 (МИА) - Република Северна Македонија во 2021 година се приклучува во десетиот бран на Европското општествено истражување - ЕОИ (European Social Survey ESS), (https://www.europeansocialsurvey.org) со што оваа сеопфатна компаративна анкета за првпат ќе се спроведе и во нашата земја. ЕОИ е проект, кој во рамки на општествените истражувања во Европската Унија, има статус на Европски истражувачки инфраструктурен конзорциум – ЕИИК (European Research Infrastructure Consortium – ERIC), со што ЕОИ, според законската регулатива на ЕУ, станува проект од „Европски интерес“.

Истражувањето во Република Северна Македонија ќе го спроведе Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука. Во активностите на национално ниво учествуваат и претставниците на Националната мрежа на ЕОИ во земјата составена од истражувачи од: Филозофскиот Факултет при УКИМ, Скопје; Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Битола; Универзитетот на Југоисточна Европа, Државниот Универзитет во Тетово; Универзитет „Гоце Делчев“, Штип; Универзитет Америка Колеџ, Скопје и ФОН Универзитет, Скопје.

Собраните податоци ќе бидат достапни под отворен пристап за сите истражувачи од општествените науки, државните институции, медиумите и пошироката јавност.

Со цел да биде претставена поливалентноста на ЕОИ, како и потврдената општествена корисност за одделни институции и јавности, но и за општата јавност, ИСППИ во четврток во 11:00 часот (https://us02web.zoom.us/j/82455346965) организира онлајн претставувањето на ЕОИ во Република Северна Македонија.

Како што сооптија од ИССПИ, на настанот ќе бидат претставени и темите од анкетниот прашалник, вклучувајќи ја и актуелната Ковид пандемија, со што ќе се акцентира корисноста од собраните податоци за оние кои донесуваат одлуки од јавен интерес, за институции од национален и локален карактер, за бројни професионални организации, за синдикатите, организациите на работодавачи, стопанските комори, невладините организации, а и за медиумите, односно, за речиси сите делови од општеството.

Настанот е дел од активностите на Регионалната мрежа на Европското општествено истражување за Западен Балкан (https://wb-europeansocialsurvey.org/), која е дел од проектот SUSTAIN 2, финансиран од програмата Хоризонт 2020 на Европската комисијаев/ац/  

Остани поврзан