• четврток, 26 декември 2024

Северна Македонија нема да учествува на „Евровизија 2023“

Северна Македонија нема да учествува на „Евровизија 2023“
Скопје, 14 октомври 2022 (МИА) - Од Македонската радио-телевизија денеска соопштија дека следната година Северна Македонија нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија, поради енергетската криза. - Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, коишто зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, како и зголемената котизација за самото учество на „Евросонг 2023“, којашто до минатата година изнесуваше 39.143,00 евра, а идната година се очекува да биде повисока. Оваа одлука ќе овозможи заштеда на средства коишто би требало да бидат издвоени за престојот на македонската делегација  во Ливерпул, кадешто се одржува „Евросонг 2023“, информираа од МРТ. Но, МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале. Од МРТ се надевааат дека состојбата ќе се стабилизира, по што земјава повторно ќе се врати со учество на Евровизија во 2024 година. см/ац/

Остани поврзан