• сабота, 28 декември 2024

Северна Македонија на српскиот пазар се перципира како една од земјите каде се произведува најдобро вино, покажува истражувањето на АСИПИ

Северна Македонија на српскиот пазар се перципира како една од земјите каде се произведува најдобро вино, покажува истражувањето на АСИПИ
Скопје, 18 ноември 2021 (МИА) - Македонските вина се на петтото место како најквалитетни по Франција, Србија, Италија и Шпанија, а на високото трето место се позиционирани според соодносот квалитет и цена според Истражувањето на ставовите и перцепцијата на потрошувачите во Србија за македонски производи за широка потрошувачка достапни на српскиот пазар, што денеска пред претставници на компании производители на вино го презентираше директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (АСИПИ) Дејан Павлески. Според истражувањето, се вели во соопштението од АСИПИ, три македонски винарии се најпрепознатливи на српскиот пазар, а вината на Тиквеш се на второ место по српски Рубин, како вина кои најчесто се купуваат. - Чест ми е што оваа истражување е добро прифатено од домашните компании и што во иднина сериозно ќе им послужи во бизнис плановите. Српскиот пазар е огромен потенцијал за македонските производи и има простор за зголемување на соработката. Оваа иницијатива е иницијална, ќе ги земеме во предвид вашите предлози и како Агенција ќе помогнеме за долгорочен пристап и континуирано присуство на македонските производи на српскиот пазар, истакна Павлески пред присутните. Дел од претставниците на винариите, се вели во соопштението од АСИПИ, предложија да се олеснат административните бариери во делот на дополнителни лабораториски анализи на виното, додека сите се сложиле дека е потребна заедничка промоција на македонските вина преку организација на викенд тури за посета на македонски винарии бидејќи туризмот е вистинска можност да се запознаат соседните држави со македонските производи. Истражувањето е направно на повеќе од 1.000 испитаници, а целта на Агенцијата е согледување на пазарот во Србија од повеќе аспекти, да се извлечат релеванти и корисни заклучоци кои ќе послужат за формулирање на препораки за унапредување на извозот на македонските компании во Србија. аа/дма/

Остани поврзан