• четврток, 26 декември 2024

Северна Кореја тестира нови ракети користејќи „супер големи“ боеви глави

Северна Кореја тестира нови ракети користејќи „супер големи“ боеви глави

Пјонгјанг, 19 септември 2024 (МИА) - Северна Кореја соопшти дека претседателот Ким Џонг Ун го надгледувал тестирањето на два типа ракети - едната способна да носи „супер голема конвенционална боева глава“, а другата веројатно наменета за нуклеарна боева глава. Ким повикал на засилување на конвенционалното оружје и нуклеарни способности.

-Тестовите за подобрување на способноста за оружје се неопходни поради сериозната закана што ја претставуваат надворешните сили за безбедноста на земјата, рече Ким Џонг Ун, според севернокорејските медиуми.

Севернокорејскиот претседател ја нагласи „потребата да се продолжи со зајакнувањето на нуклеарните сили и да се поседуваат најсилни воено-технички способности и супериорни офанзивни способности во областа на конвенционалното оружје, пренесе КЦНА.

-Вчерашните тестови вклучуваа нова тактичка балистичка ракета „Хвасонгфо-11-Да-4.5“, која е дел од серијата балистички ракети со краток дострел што ги развива, а некои од нив се верува дека биле извезени во Русија.

Претставници на Киев и независни експерти рекоа дека има индиции дека некои од ракетите што Русија ги користела во војната против Украина се од севернокорејско производство. Ракетата беше монтирана со супер голема конвенционална боева глава од 4,5 тони, а тестовите вклучија и стратешка крстосувачка ракета која беше надградена за борбена употреба.

Северна Кореја ги критикуваше воените вежби на јужнокорејската и американската војска, вклучително и големата вежба спроведена ова лето.

Сојузниците велат дека вежбите имаат одбранбен карактер и имаат за цел одржување на подготвеност против каква било „севернокорејска агресија“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан