• среда, 27 ноември 2024

Северна Кореја потврди дека привела американски војник

Северна Кореја потврди дека привела американски војник

Пјонгјанг, 3 август 2023 (МИА) - Северна Кореја потврди дека го привела американскиот војник Тревис Кинг (23) во првиот одговор на барањата за информации за неговото место на живеење, соопшти командата на Обединетите нации (ОН).

Командата на ОН одби да елаборира за одговорот за да не се меша во нивните напори да го вратат дома.

Како што пренесува Слободна Европа, во одговорот се посочува дека Пјонгјанг можеби е подготвен да започне преговори.

Командата на ОН, која ја надгледува демилитаризираната зона, бараше информации за Кинг користејќи ја својата директна телефонска линија со војската на Северна Кореја во Заедничката безбедносна зона.

Севернокорејците претходно го прифатија барањето, но ова е првпат да одговорат, потврдувајќи дека американски војник е во нивен притвор.

Кинг ја преминал границата од Јужна Кореја на 18 јули додека бил на турнеја со водич, а претходно отслужил два месеца во јужнокорејски затвор под обвинение за напад.

Тој требаше да лета назад во САД за да се соочи со дисциплинска постапка, но успеа да го напушти аеродромот и да се придружи на турнејата низ демилитаризираната зона. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан