• среда, 25 декември 2024

Северна Кореја повторно лансираше проектил

Северна Кореја повторно лансираше проектил
Сеул, 16 март 2022 (МИА) - Северна Кореја денеска лансираше „непознат проектил“, но тестирањето најверојатно е неуспешно, соопшти армијата на Јужна Кореја. Се претпоставува дека проектилот е лансиран од аеродром вон главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг. Северна Кореја неодамна лансираше неколку проектили од тој аеродром, вклучително и две за кои САД и Јужна Кореја наведоа дека се тестирале нов интерконтинентален балистички ракетен систем (ИЦБМ). Додека Пјонгјанг соопшти дека тестирал компоненти на извидувачки сателит. Северна Кореја годинава често истрелува проектили, а денешното тестирање е десетто. ми/

Остани поврзан