• среда, 25 декември 2024

Северна Кореја: Нуклеарните сили ќе реагираат на напад од Сеул

Северна Кореја: Нуклеарните сили ќе реагираат на напад од Сеул
Пјонгјанг, 5 април 2022 (МИА) - Северна Кореја е против војна, но ако Сеул избере воена конфронтација или изврши превентивен напад, тогаш нуклеарните сили на Пјонгјанг ќе мора да нападнат, изјави денеска сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и еден од неговите главни советници, Ким Јо-џонг. Таа, исто така, нагласи дека е „многу голема грешка“ што јужнокорејскиот министер за одбрана Сух Вук неодамна дал изјава за превентивен напад врз Северна Кореја, пренесе државната новинска агенција КЦНА. Јужнокорејскиот министер во петокот изјави дека неговата земја има ракети кои имаат капацитет да погодат прецизно и брзо која било цел во Северна Кореја, во време кога Пјонгјанг спроведува бројни тестирања на балистички ракети во изминатите месеци и се заканува дека ќе продолжи со нуклеарни проби. гт/

Остани поврзан