• сабота, 23 ноември 2024

Северна Кореја лансираше проектил пред самитот Јужна Кореја-Јапонија

Северна Кореја лансираше проектил пред самитот Јужна Кореја-Јапонија

Пјонгјанг, 16 март 2023 (МИА) - Северна Кореја истрела проектил во морето меѓу Корејскиот Полуостров и Јапонија, само неколку часа пред јужнокорејскиот претседател да замине за Токио на редок самит на кој се очекува да се разговара за начините за спротивставување на нуклеарно вооружената Северна Кореја.

Северна Кореја оваа недела изврши повеќекратно лансирање на проектили во периодот кога заеднички воени вежби одржуваа Јужна Кореја и САД, што Пјонгјанг ги осудува како непријателски дејствија.

Јужнокорејскиот началник преку соопштение информираше дека Северна Кореја лансирала најмалку еден непознат тип на балистичи проектил од својот источен брег.

Јапонската влада, исто така, го потврди лансирањето, а јапонската крајбрежна стража процени дека проектилот ќе слета околу еден час по неговото истрелување, сугерирајќи дека станува збор за оружје со долг дострел, како што е интерконтинентална балистичка ракета (ICBM).

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол заминува во Јапонија на првиот ваков самит со премиерот Фумио Кишида по повеќе од една деценија како дел од напорите да се надминат историските, политичките и економските спорови за подобра соработка во борбата против Северна Кореја и други предизвици. .

Како дел од напорите, двајцата сојузници на САД се согласија да го споделат следењето во реално време на лансирањето на севернокорејските ракети и ветија натамошно продлабочување на воената соработка. ссм/

Остани поврзан