• сабота, 06 декември 2025

Северна Кореја истрела неидентификувани крстосувачки ракети во море

Северна Кореја истрела неидентификувани крстосувачки ракети во море

Пјонгјанг, 22 мај 2025 (МИА) – Северна Кореја денеска истрела повеќе неидентификувани крстосувачки ракети во море, соопшти јужнокорејската војска.

Ракетите биле регистрирани во близина на севернокорејската источна провинција Јужен Хамгјонг и биле „истрелани кон Јапонското Море“, се вели во соопштението.

Северна Кореја и на 8 мај истрела балистички проектили со краток дострел кон Јапонското Море.

Според некои експерти, можно е да станува збор за тест на оружје наменето за Русија. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан