• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Северна Кореја заинтересирана за руските вакцини против коронавирус

Северна Кореја заинтересирана за руските вакцини против коронавирус
Москва, 4 јуни 2021 (МИА) - Северна Кореја тврди дека во таа земја нема ниту еден случај на коронавирус, но сепак на сила се строги антиепидемиски мерки. Северна Кореја е заинтересирана за руските вакцини против коронавирусот, пренесува агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на извор на рускиот фармацевтски пазар. Изворот навел дека Северна Кореја покажала интерес за вакцините „Спутник В“ и „Спутник лајт“.

На 1 јуни, Пјонгјанг ја повика Светската здравствена организација да помогне правилно да се дистрибуираат вакцините низ целиот свет.

Северна Кореја требаше да прими околу 1,7 милиони дози вакцини преку програмата Ковакс до мај, но испораката беше одложена. паг/

 

Остани поврзан