• четврток, 26 декември 2024

Северна Кореја ги смени правилата за именување заменик-лидер на Ким Џонг-ун

Северна Кореја ги смени правилата за именување заменик-лидер на Ким Џонг-ун
Сеул, 1 јуни 2021 (МИА) - Владејачката партија на Северна Кореја ги смени своите правила за именување заменик-лидер на Ким Џонг-ун, кој сака да ја обнови внатрешната политика, јави денеска јужнокорејската новинска агенција Јохнап. Агенцијата цитира неименуван извор од Северна Кореја кој вели дека во иднина „првиот секретар“ ќе раководи со состаноците во име на Ким Џонг-ун. Ким ја утврди својата позиција на конгресот на Работничката партија на Кореја во јануари, кога беше избран за генерален секретар и ја презеде титулата што ја имаше неговиот покоен татко.
   

Остани поврзан