• четврток, 26 декември 2024

Северна и Јужна Кореја ја обновија комуникацијата

Северна и Јужна Кореја ја обновија комуникацијата
Сеул, 27 јули 2021 (МИАА) - Северна и Јужна Кореја се согласија да ги обноват каналите за комуникација, што беа прекинати, се наведува во соопштението на јужнокорејското претседателство. Северна Кореја еднострано ги прекина официјалните канали за комуникација во јуни минатата година, откако го критикуваше испраќањето антисевернокорејски летоци од активисти на нејзина територија. Но, лидерите на двете земји разменија писма во април годинава. Според Договорот, сите официјални канали за комуникација беа повторно отворени денеска во еден часот по Гринич. ми/

Остани поврзан