• четврток, 26 декември 2024

Северен тек ги тужи осигурителните компании поради експлозиите на гасоводите

Северен тек ги тужи осигурителните компании поради експлозиите на гасоводите

Лондон, 12 март 2024 (МИА) - „Северен тек АГ“ бара повеќе од 400 милиони евра од своите осигурителни компании поради експлозиите што се случија во 2022 година кога беа оштетени гасоводите наменети за транспорт на руски гас во Германија, се наведува во судските документи.

Северен тек АГ ги именуваше осигурителната компанија Лојдс и осигурителната куќа Арч (ЕУ) ДАЦ како обвинети во тужбата поднесена пред Високиот суд во Лондон минатиот месец.

Во судските поднесоци се наведува дека сегашната прелиминарна проценка на „Северен тек“ за трошоците за одводнување и стабилизација на гасоводот, целосна поправка и замена на изгубениот инвентар е помеѓу 1,2 и 1,35 милијарди евра.

Во тужбата на „Северен тек“ се наведува и дека еден од гасоводите изгледал „осакатен и деформиран“ на едно место каде што бил оштетен, но на друго место „изгледал мазно и како да е исечен“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан