• четврток, 26 декември 2024

СДСМ: Нема крај на конструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваат дури и пријателска Германија да ја инволвираат во нивните лаги

СДСМ: Нема крај на конструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваат дури и пријателска Германија да ја инволвираат во нивните лаги
Скопје, 20 јануари 2020 Нема крај на конструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваат дури и пријателска Германија да ја инволвираат во нивните лаги, по 12 април остануваат во опозиција Нема крај на лажните паушални обвинувања и конструкции на непостоечки случаи од страна на безидејната ВМРО-ДПМНЕ. Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да обвинува за наводни криминали кога опозициската партија се уште не го осудува криминалот во сопствените редови. Денеска ВМРО-ДПМНЕ пласираше уште една по којзнае која по ред лажна вест, овој пат за набавка на обрасци за лични документи. Вистината е дека постапката за набавка на обрасците за лични документи е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки. Ги охрабруваме институциите и покрај тоа што станува збор за паушални обвинувања, до крај да ги расчисти сите наоди за кои лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Колку ВМРО-ДПМНЕ е заглавено во очај, безидејност и лажни вести, говори фактот што  компанијата која ја обвинуваат за соучесник во наводен корупциски криминал е германска компанија во која 40% сопственик е државата, Сојузна Република Германија. Лажни вести, безидејност, деструктивно однесување. Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Граѓаните го ценат таквиот однос од опозициската партија и затоа ВМРО-ДПМНЕ и по изборите на 12 април останува во опозиција. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки      

Остани поврзан