• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

Скопје, 26 август 2024 

Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ манипулираат со линеарното зголемување на пензиите. 


Пензионерите се излажани и денеска Мицкоски потврди дека нема да добијат плус 5.000 денари како што им се ветуваше.


ВМРО-ДПМНЕ најавуваше зголемиување на пензиите за 5.000 денари а сега велат дека нема да биде 5.000 денари туку на рати по 2.500 денари и тоа во септември и во март кога секако се зголемуваат пензиите заради усогласувањето. 


Значи пензионерите би имале секако покачување според методологијата за усогласување во септември и во март. На износот што пензионерите секако би го добиле во септември и во март наредна година ВМРО-ДПМНЕ на тоа додаваат околу 1.000 денари, ништо повеќе.


Така разликата од она што пензионеите би го добиле со усогласувањето, и тоа што ќе го добијат на крај пензионерите е околу 1.000 денари повеќе. Значи нема зголемување на пензиите од 5.000 денари.


Дополниелно рушењето на системот на усогласување на пензиите со просечната плата, односно со само линеарен раст, има ризик владата во иднина воопшто да не ги зголемува пензиите.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

___________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан