• четврток, 26 декември 2024

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, нема покачување на минималната плата

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, нема покачување на минималната плата

Скопје, 3 октомври 2024

 

Во првите 100 дена од владеењето на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ власта покажа тотална негрижа во однос на исполувањето на основните потреби на работниците.

И покрај барањето и на работниците и на Синдикатите за приоритетно покачување на минималната плата на 450 евра, Владата не презеде никакви мерки.

Нема покачување на минималната плата со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на Мицкоски не само што не го исполни своето ветување, туку и продолжува да ја игнорира потребата на работниците.

За време на овие 100 дена, не се одржа ниту Социо-економскиот совет. Ова е показател за недостатокот на интерес на актуелната влада за решавање на проблемите на работниците.

СДСМ неколкукратно ја зголемуваше минималната плата преку социјален дијалог. Во времето на ДПМНЕ минималната плата беше 9.000 денари а СДСМ ја зголеми на 22.000 денари и оваа година минималната плата требаше да порасне повторно.

Денеска гледаме дека Мицкоски и ДПМНЕ ја враќаат политиката на евтина работна сила и понижување на работниците.

СДСМ

Фото: СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан