• четврток, 26 декември 2024

СДСМ ќе победи со шест до 10 пратеници, ДУИ ќе оди во опозиција, порача Заев

СДСМ ќе победи со шест до 10 пратеници, ДУИ ќе оди во опозиција, порача Заев
Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) - СДСМ ќе победи на изборите, а ДУИ заминува во опозиција ако поставува услови за водење на државата. Но, тоа е здраво за државата, здраво е и за партијата, тие не виделе што е опозиција, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев воп интервју за телевизија 21. Според него, во вакви услови ако ДУИ поставува усслови за премиер Албанец, нема ни да може да преговараат со партијата на Али Ахмети. - Имам кредибилитет да зборувам на оваа тема, ние направивме предизборна меѓуетничка коалиција, немам предрасуди за ова... Па да знаат граѓаните да излезат на избори и тие ќе одлучат кој ќе биде премиер, кој министер, кој претседател на Парламент... Сите во државата што побрзо да сфатиме дека изборите ни се неопходни толку ќе биде подобро, порача Заев. Тој изјави дека СДСМ ќе биде победник на изборите. - Пред една година кажав ќе ги победиме ВМРО ДПМНЕ со разлика од 60 000 до 120 000 гласа. Ако водиме четири отсто, како што вели ВМРО ДПМНЕ, тогаш тоа е 72 000. Иако ние водиме со шест проценти. Сите се за избори, буквално сите партии, освен ВМРО ДПМНЕ. Сега не сакаат ниту парламентот да се врати да работи, ниту сакаат избори. Ние очекуваме да имаме предност од 6 до 10 пратеници, тоа се бројките, до партиите стигаат истите бројки. Затоа не сакаат избори, сето друго е изговор, дополни Заев. Тој се осврна и на тоа како се однесува судскиот систем кон луѓе на СДСМ и на ДУИ, сега и во времето на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. - Имаме судски процеси и против СДСМ и против ДУИ. Имаме пресуди и против СДСМ и против ДУИ. Во време на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ова не беше можно. Ние донесовме закони и сега судиите се на потег и затоа ги повикувавме. Мора да се одговорни, да носат одлуки, а не по 15 години да се водат предмети. Тие мора да обезбедат независни и објективни пресуди, потенцира Заев. сп/

Остани поврзан