СДСМ ја поздравува одлуката на САД за ставање на Артан Груби на црната листа на Стејт департментот
- СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за впишување нови лица на црната листа, рече пратеничката Јованка Тренчевска.
Скопје, 10 декември 2024 (МИА) – СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за впишување нови лица на црната листа, рече пратеничката Јованка Тренчевска.
- СДСМ смета дека исклучително е значајна поддршката на нашите стратешки партнери во борбата против корупцијата во Република Северна Македонија. Сите сомнежи за корупција и злоупотреба на јавни средства во државата треба да бидат истражени од истражните органи. Го охрабруваме целиот правосуден систем да работи посветено и без двоумење, рече таа на денешната прес-конференција.
Пред медиумите таа апел до сите политички партии да овозможат правосуднкиот систем да ја заврши својата работа.
- СДСМ останува доследна на својата заложба дека за изградба на праведно општество за сите, а владеењето на правото да биде еден од темелите во изградбата на државата, рече таа.
Стејт департментот на САД на вчера објавената црна листа ги впиша поранешниот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и членовите на неговото најблиско семејство, како и судијата од Апелацискиот суд, Енвер Беџети.
Во образложението на таквата одлука се посочува дека тие примиле мито за да влијаат врз судските процеси поврзани со кривичната пресуда на екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. аб/ац/
Фото: СДСМ