• четврток, 26 декември 2024

СДСМ: Чистењето на Треска е обврска на сопствениците

СДСМ: Чистењето на Треска е обврска на сопствениците
Скопје, 24 август 2022 Очајната и губитничка партија во опозиција ВМРО ДПМНЕ продолжува да шири невистини во јавноста и да ги потценува граѓаните, обидувајќи се неуспешно да направи дефокус од очајот кој се случува во прескапо платената Бела Палата, изградена со украдени народни пари. Апсолутна лага е дека Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар со општински пари ќе го расчистува комплексот на некогашната фабрика за мебел Треска. Денеска на пресконференцијата градоначалникот пред новинарите и пред јавноста во повеќе наврати повтори дека согласно законските прописи, обврска за чистење на Треска се сопствениците на објектите. ВМРО ДПМНЕ секогаш биле на страна на лагата, клеветењето и криминалот, таа партија никако да излезе од матрицата дека помина времето кога законите беа само слово на харѕија и не важеа за ВМРО ДПМНЕ. Помина времето кога се крадеа народни пари, се уништуваа институции, се уништи целата држава за лично богатење на нивните партиски функционери. ВМРО ДПМНЕ која потроши над 684 милиони евра за стиропор и гипс картон на Скопје 2014 најмалку има право да зборува за бетонизација на главниот град и за злоупотреба на буџетски пари. Партијата ВМРО ДПМНЕ е криминална, седиштето на партијата, имтот на партијата е стекнат на криминален начин сетоа тоа го плаќаа граѓаните од свопствен џеб додека партиската врхушка се богатеше. Тоа се судски одлуки, тоа го докажаа судските инстанци во државата и ВМРО ДПМНЕ од таа вистина никогаш не може да побегне ид а се сокрие. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан