• вторник, 24 декември 2024

СДСМ: УЈП и институциите ги штитат граѓаните

СДСМ: УЈП и институциите ги штитат граѓаните
19 март 2022 
Управата за јавни приходи како и сите останати институции дејствува според законите и постапува неселективно и ефикасно.
Преку редовните контроли на УЈП се штити стандардот на граѓаните од субјекти кои преку непочитување на законите сакаат да профитираат во време на криза.
Ако роднина на сопруга на функциониер од ВМРО-ДПМНЕ  не го почитувала законот не може да се брани со партиски соопштенија и да се прават конструктиции.
Делувањето на УЈП е да се спречат манипулации со цените врз грбот на граѓаните среде криза. И додека УЈП делува по закон и за сите подеднакво, ВМРО ДПМНЕ не штити прекршувачи на законите.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан