• вторник, 20 јануари 2026

СДСМ: Суспендирани визите од САД, Македонија во ранг со Сомалија

СДСМ: Суспендирани визите од САД, Македонија во ранг со Сомалија

Скопје, 15 јануари 2026

Периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија. Последната одлука на САД е Македонија да биде опфатена во суспендирање на обработката на визите заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија... Минатата година САД ги зголемија царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе ги суспендира и обработката на визите, се посочува во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

СДСМ подолг период предупредува за штетата од погрешните политики на тендер-коалицијата ВМРО - ЗНАМ загрозувајќи го стратешкото партнерство со САД и интеграцијата во ЕУ.

Најблизок соработник на Мицкоски во Владата е Иван Стоилковиќ, кој има отворени проруски ставови и директни врски со Москва.

Пред само неколку дена го видоме Стоилковиќ како слави заедно со ноќните волци блиски до Путин.

Паралелно со овие антиамерикански активности, Владата на Мицкоски води и анти-ЕУ кампања.

Се продуцираат намерни судири со Грција и Бугарија, се отвораат затворени прашањa, се измислуваат изговори за да се оправдаат изолацијата и блокирание преговори.

Не се спроведуваат никакви реформи, Владата води анти-ЕУ и антиамериканска политика, ја води Македонија кон целосна изолација.

Паниката е голема.

САД носат специјален закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата и ова се само првите чекори што ги гледаме.

Следуваат и црни листи, се најавуваат и можни санкции.

СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива оваа агенда бидејќи наши стратешки пријатели се САД, а местото на Македонија е во НАТО и ЕУ.

Одговор на новинарско прашање

Техничката влада мора да остане, во моментов нема услови за укинување

Најпрво да расчистиме дека Пржинската или Техничката влада е и ќе биде основен услов за одржување демократски и нормални избори бидејќи во Македонија услови за тоа нема.

СДСМ ќе продолжи со сите демократси средства да се залага за техничката влада односно Пржинска влада да продолжи да функционира во позитивниот законски систем во Македонија.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ

Остани поврзан