• четврток, 26 декември 2024

СДСМ: Социјална правда и родова еднаквост се наши одлики

СДСМ: Социјална правда и родова еднаквост се наши одлики

Скопје, 20 февруари 2023 

За СДСМ социјалната правда и родовата еднаквост се врвни приоритети во политичкото и институционално дејствување.Тоа, го покажуваме на дело, преку бројните мерки и политики реализирани во иминатите пет и пол години кои имаат за цел унапредување на животот на сите граѓани.Минималната плата ја зголемивме два и пол пати. Изградивме близу 80 градинки.За жените земјоделки прв пат во историјата на нашата држава обезбедивме надоместок за мајчинство , односно породилно отсуство. Евидентни се резултатите од политиките за економско јакнење на жените што е основен предуслов за силни и моќни жени кои се двигателот на промените во општеството. Ја зголемивме социјалната помош за 300 посто.Воведовме детски и образовен додаток за 70 илјади деца. Воведовме социјална сигурност за повеќе од 10 илјади стари лица преку социјална пензија.Обезбедивме лични и образовни асистенти за над 1000 деца со попреченост.Обезбедивме помош и нега во домот за над 700 стари лица во нивните домови. Ја зголемивме пензијата за над 15% за само една календарска година. Ги донесовме измените на Кривичниот закон со кои воведовме нови кривични дела, демнеење и родово базирано насилство и ги заостривме казнените политики за кривични дела-насилство врз жените.Со тоа се усогласивме со одредбите од Истанбулската Конвенција. Го подготвивме новиот Закон за родова еднаквост со кој ќе биде воспоставен Секретаријат за родова еднаквост.Преку одговорен и инклузивен пристап продолжуваме со реализација на мерки и политики што се во интерес на граѓаните.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан