• петок, 27 декември 2024

СДСМ: Социјалната заштита за нас останува врвен приоритет

СДСМ: Социјалната заштита за нас останува врвен приоритет
Скопје, 17 јули 2021 
 
 СДСМ останува целосно посветена на вистинска грижа за најранливите категории и унапредување на системот за социјална заштита.
 Усвоени се измените на Законот за социјална заштита, со кои границата за лична асистенција се спушта од18 на 6 години.
 Личен асистент ќе може да добие секое дете со веќе навршени шест години со потешка и најтешка физичка попреченост или потполно слепо дете.
 На овој начин се овозможува индивидуална помош и поддршка на децата за вршење на секојдневни активности и тоа заради пристап до образовните институции, центрите за рехабилитација и вклучување во заедницата, активности кои дете без попреченост вообичаено ги врши без поддршка.
 Се очекува 200 деца да добијат услуга на лична асистенција и тоа од 80 часа во текот на еден месец, со овие законски измени.
 Оваа мерка значи помош и поддршка на родителите во секојдневната грижа за нив, како и поттик за личниот и образовниот развој на децата.
 Детската и социјалната заштита остануваат наш врвен приоритет.
 Токму затоа носиме решенија кои го олеснуваат животот на граѓаните, но и нудат еднакви шанси за личен и образовен развој на секое дете.
 Како одговорна партија посветена на интересите на граѓаните, продолжуваме да ги следиме нивните потреби и барања и да спроведуваме мерки и политики кои го унапредуваат нивниот квалитет на животот.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан