• понеделник, 18 ноември 2024

СДСМ: Советничката листа на СДСМ е гарант за интересите на граѓаните

СДСМ: Советничката листа на СДСМ е гарант за интересите на граѓаните
Тетово, 17 август 2022 (МИА) - Бројни партиски функционери на СДСМ, потпретседатели на партијата, пратеници, членови на Извршниот и Централниот одбор попладнево беа меѓу граѓаните на Тетово и посетија неколку населени места во оваа општина.
-На средбите со граѓаните, функционерите на СДСМ ги претставија заложбите на советничката листа на СДСМ и коалицијата порачувајќи дека Совет чие мнозинство е составено од различни политички опции од онаа на градоначалникот е гарант дека во општината ќе се слуша гласот на граѓаните и ќе се работи за нивен интерес, порачаа од СДСМ. Функционерите на СДСМ повикаа граѓаните на изборите во сабота да гласаат за број еден, за советничката листа на СДСМ и коалицијата предводена од носителот Глигорие Стојановски, затоа што токму тие се мотивирани и подготвени да работат на изградба на модерно, европско Тетово кое отвора шанси за сите. ас/дма/

Остани поврзан