• вторник, 24 декември 2024

СДСМ: Принципи и заеднички заложби за коалициска соработка со Алијанса за Албанците

СДСМ: Принципи и заеднички заложби за коалициска соработка со Алијанса за Албанците
11 февруари 2023 
 
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Алијанса за Албанците постигнаа договор за заедничка коалициска соработка врз основа на принципи и заеднички заложби како и имплементација на Програмата за работа на Владата.
 
Двете партии ќе бидат максимално посветени на: реализирање на Програмата на Владата, зголемување на ефикасноста на Собранието и институциите, спроведување на мерките за подобрување на животниот стандард на граѓаните, зајакнување на економијата, борба против криминалот и корупцијата, поддршка на стратешкото партнерство со САД, на одлуките и реформите за продолжување на европскиот пат и остварување на полноправно членство во ЕУ.
 
Приоритетие на заедничката соработка се:
 
1.     Владеење на правото и борбата против корупцијата.
 
Почитување и точно спроведување на основните европски вредности како што се еднаквоста, почитувањето на човековите права, транспарентноста, слободата на медиумите, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и владеењето на правото.
 
Градење независно, ефективно и правично судство, искоренување на корупцијата, деполитизирана и професионална администрација, како и вклучување на граѓаните во јавниот живот.
 
Ветинг на јавни функционери, базиран на најдобрите европски искуства, нови одредби за јавна финансиска контрола .
 
2.     Држава за сите
 
Негување и поттикнување добри меѓуетнички односи, за општество на еднакви граѓани. Држава за сите, правична и соодветна застапеност во сите области од јавниот живот, елиминација на сите форми на дискриминација, по сите основи додади и културен напредок на сите заедници.
 
Правилна и соодветна застапеност со што ќе се утврдат процедуралните и институционалните мерки за постигнување пропорционално вработување и елиминирање на структурната дискриминација на сите нивоа и во сите други области од јавниот живот, како за заедниците, така и за родова застапеност и лица со посебни потреби. 
 
3.     Рамноправен економски и територијален развој
 
Посветеност на неопходните реформи во транзицијата на економијата и финансиите, како и за подобрување на севкупните економски развојни перформанси и намалување на нееднаквостите. Фискална децентрализација и правична распределба на јавните приходи, намалување на јазот меѓу регионите, поддршка на локалните претпријатија и иновациите, зголемувањето на странските инвестиции и зголемувањето на ефикасноста на јавните претпријатија.
 
4.     Развојна држава и зелена енергија
 
Унапредување на развојот држава, заснована на заштита на животната средина, преку одржливото земјоделство и енергетската транзиција.  
 
5.     Здрави граѓани
 
Подготвување и реализација на сеопфатни државни стратегии за здравствениот систем, со цел зголемување на ефикасноста и подобрување на здравствената и медицинската услуга.  
 
За наведените клучни приоритети се обврзуваме за изготвување на конкретни законски решенија, законски измени и подобрувања, мерки и политики за нивна реализација до крајот на мандатот.
 
 
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан