• недела, 24 ноември 2024

СДСМ: Признанието за „Титаник“ е потврда за сите изборни измами и за целиот криминал на режимот

СДСМ: Признанието за „Титаник“ е потврда за сите изборни измами и за целиот криминал на режимот
Скопје, 12 февруари 2022 Признавањето вина на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за случајот „Титаник“ е потврда за сите изборни измами и за целиот криминал на режимот. Злосторничко здружување, изборни измами, поткуп при гласање, уништување на избирачки материјал или со еден збор, криминализација на изборниот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Се потврди се она што го говоревме. ВМРО-ДПМНЕ ја фалсификувала слободната волја на граѓаните преку злоупотреба на институциите и парите на граѓаните. Признанието во предметот „Титаник“ е признание дека ВМРО-ДПМНЕ е злостроничко здружение. Одговорност во овој предмет како и за сите останати предмети мора да има. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан