• четврток, 26 декември 2024

СДСМ: Преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат на стабилно мнозинство во Парламентот

СДСМ: Преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат на стабилно мнозинство во Парламентот
Скопје, 7 август 2020 (МИА) -  Водиме сериозни преговори со претседателите на политичките партии, со работни групи, членови на раководствата на партиите, за формирање Влада со нов четиригодишен полн мандат, поддржана од стабилно мнозинство во Парламентот,  информират од СДСМ во соопштение. Нивниот генерален секретар Љупчо Николовски денеска попладне имал средба со организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби, со кого имале конструктивна дискусија за потврда на заложбите на сите граѓани за мир, стабилност, безбедност и соработка во земјата и региконот, здрави меѓуетнички и соседски односи, економски развој, правна држава, чиста животна средина и општествена благосостојба. Разговарале за парламентарно мнозинство и за коалиција за полн, четиригодишен, стабилен мандат и потврдиле дека нема друга алтернатива за интеграција, освен членството во НАТО и во Европската Унија. Од СДСМ  во соопштение протенцираат и дека преговори се водат за Влада која е подготвена да сработи, да се движи брзо напред по европскиот пат на економијата и на правдата. -Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот. Заради подобра заштита на здравјето на граѓаните, за поголема сигурност и економска предвидливост, потребно е стабилно парламентарно мнозинство и полн мандат на новата Влада која ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата. Граѓаните ни ја дадоа довербата на изборите. Во следниот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните, наведуваат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, пак, во реакција на нивното соопштение побара да кажат „кои се партиите од новото мнозинство и која е цената за таквата коалиција“. -Наместо досадни и стерилни соопштенија за себехрабрење бидејќи СДСМ трет ден тврди дека има мнозинство јавно ги повикуваме да кажат кои се партиите од ново мнозинство, која е цената за таквата коалиција, кој ќе биде премиер, во спротивно ќе се докаже дека лаже и манипулира. Што се однесува до иднината за која пишуваат ако од СДСМ зависи иднината тешко на државата и граѓаните. Бидејќи велат дека од нив зависела европската иднина тогаш јавно прашуваме што ги спречуваше до сега нејзе да ја донесат, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ. По конституирањето на Собранието на 4 месецов, тече 10 дневниот рок за обезбедување парламентарно мнозинство. лв/ац/

Остани поврзан