• недела, 24 ноември 2024

СДСМ поднесува законски измени за продолжување на важноста на возачките, сообраќајните и осигурителните полиси

СДСМ поднесува законски измени за продолжување на важноста на возачките, сообраќајните и осигурителните полиси

Скопје, 12 февруари 2024 (МИА) - Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста, соопшти Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

- Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. Во меѓувреме граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот. Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму, рече Каевски. 

За овие законски решенија очекуваат поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание.

- Наместо да се шири паника меѓу граѓаните и со неодговно однесување на министрите на ДПМНЕ во техничката Влада да се создава дополнителен хаос, сите политички партии да го поддржат овој предлог, изјави Каевски.сст/са/

Фото: СДСМ


 

Остани поврзан