• четврток, 26 декември 2024

СДСМ: Подарениот имот на Јанушев е заверен од адвокатот Панче Тошковски

СДСМ: Подарениот имот на Јанушев е заверен од адвокатот Панче Тошковски

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - СДСМ денеска објави документ од кој, како што тврди, може да се види дека подарениот имот на генералниот секретар на Владата Игор Јанушев е заверен од адвокатот Панче Тошковски и побара надлежни институции да го истражат целиот случај.

- Во иста зграда во центарот на Скопје кадешто е поклонетиот имот на вториот човек во Владата на Мицкоски, Игор Јанушев има и министерот Панче Тошковски. Крјано сомнително и надлежни институции треба да го истражат целиот случај. Поклонетиот имот на Јанушев е заврен од адвокат Панче Тошковски за што постои документ којшто денеска го објавуваме. Навидум ништо спорно, затоа што Тошковски е познат адвокат, стои во соопштението.

Од СДСМ прашуваат дали Тошковски и Јанушев се јавуваат и како инвеститори за заедничка изградбата на истата зграда каде имаат имоти.

- Дали се другари по имот или се другари по бизнис? Целиот случај со парцелатата на којашто се наоѓа зградата во која имаат имот и Тошковски и Јанушев влече корени уште од 2010 година со процес на денационализација и приватизација. Прашањето е како од државно земјиште, се приватизира, се менуваат сопственици, па се гради зграда, која на крај завршува со имот на Тошковски и Јанушев?, се вели во соопштението од СДСМ.

Според СДСМ, шемата за подарениот имот на Јанушев датира од 2010 години кога се набавија кинеските автобуси.

- Прво рече дека имало погрешни внесени податоци во неговиот анкетен лист кои ги корегирал, а потоа дека намерно оставил јавноста да се „излизга“. Зошто пет дена молчеше и не кажа за наводно случајно погрешните податоци? Што е ова освен директно признание на Јанушев дека намерно внесувал погрешни податоци? Ако намерно внел погрешни податоци дека подарениот имот му е земјиште со вредност од 325.000 евра, што сакал Јанушев да скрие? Дали сакал да го скрие поклонетиот стан или пак некаква скриена бизнис шема која довела до тоа да му биде поклонет имот во вредност од 325.000 евра?, стои во соопштението од СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека располагаат со нови информации за овој скандал кои, како што велат, наскоро ќе ги објават. мд/ац/

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан