• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СДСМ: Очајни лаги на ДПМНЕ за Филипче, и ДКСК ги демантираше нивните невистини

СДСМ: Очајни лаги на ДПМНЕ за Филипче, и ДКСК ги демантираше нивните невистини

Скопје, 10 април 2025 

ДПМНЕ продолжува со старата матрица на лаги, дезинформации и неосновани напади врз претседателот на СДСМ, Венко Филипче. 

Ништо од кажаното за набавката на вакцините не е точно, ДПМНЕ врти стари лаги во ново пакување.

Јаловите напади, очајните лаги и невистини за Филипче, го одразува стравот на ДПМНЕ од неговото лидерството, исправноста на политиките и вистинските промени што се случуваат во СДСМ.

Впрочем, лагите на ДПМНЕ за Филипче ги демантираше и  Антикорупциската комисија (ДКСК).

Официјално ДКСК го затвори предметот за имотот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, потврдувајќи дека се е чисто и нема никакви никакви неправилности околу неговиот имот. 

А во септември минатата година, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, излезе на прес-конференција од белата палата, од истата говорница, со лажна конструкција дека и најави претставка до ДКСК. 

Со официјалната одлука токму на ДКСК, сите овие тврдења на ДПМНЕ се разоткриени како целосно неточни и злонамерни.

Да имаше барем малку морал во ДПМНЕ досега ќе излезеа пред ѓраѓаните и ќе им се извинеа за изнесените лаги. 

Неместо тоа, ДПМНЕ продолжува со препакување на измислиците за Филипче. Тоа едноставно не поминува.

Едно е факт, СДСМ расте, се менува и работи за иднината на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во старите шаблони на лага и манипулација.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан