• петок, 27 декември 2024

СДСМ: Охридскиот рамковен договор е документ кој донесе мир и ги отвори вратите кон евроинтеграциите

СДСМ: Охридскиот рамковен договор е документ кој донесе мир и ги отвори вратите кон евроинтеграциите

Скопје, 13 август 2022

Рамковниот договор, потпишан на денешен ден пред 21 година во Охрид, стави крај на  конфликтот од 2001 година и отвори почеток на ново поглавје во политичкиот живот на Македонија.Охридскиот рамковен договор е важен документ, неиздвоив дел од историјата на државата, договор, кој донесе мир, правична застапеност на заедниците во општестениот живот, соживот во мултиетничкиот карактер на македонското општество.Тој е патоказот кон стабилната иднина, документ кој ги отвори вратите кон евроинтеграциите на државата и пример за надминување на поделбите.Државата во изминатите две децении се издигна над поделбите, во општество пример  за соживот, толеранција, социјална правда, еднакви можности за сите граѓани.Денеска, благодарение на одговорните и државнички политики на СДСМ, Република Северна Македонија го живее концептот „Едно општество за сите“, како полноправна членка на НАТО, со започнати преговори за членство во Европската унија.Денес нашиот територијален интегритет е заштитен од најмоќниот сојуз на светот, денес државата е еднаква со демократскиот свет.По 21 година од потпишувањето на Рамковниот договор нема делби, туку инклузивно и мирно решавање на сите предизвици, посветеност на економскиот напредок и благосостојбата на сите граѓани.

Центар за комуникации на СДСМ

______________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан