• петок, 27 декември 2024

СДСМ: Откупната цена на грозјето годинава бележи најголем пораст од 30 отсто

СДСМ: Откупната цена на грозјето годинава бележи најголем пораст од 30 отсто
24 август 2022  Владата предводена од СДСМ низ партнерски односи презема конкретни мерки да му помогне на лозарството, да го унапреди овој, исклучително значаен сектор и да го подобри стандарот на лозарите.Откупната цена на грозјето годинава бележи најголем пораст од 30 отсто.Сортата „смедеревка“ ќе се откупува по 13 денари за килограм, а „вранецот“ ќе биде 15 денари за килограм што е три денари повеќе во споредба со лани.Лозарството како извозно ориентирана гранка и во време на светска криза добива сериозна поддршка преку низа мерки креирани од Министерството за земјоделство.Преку мерката за одржување на постоечки површини со лозови насади лозарите добиваат субвенција од 40.000 денари по хектар, односно 48.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 10 хектари.За одржливо производство и помали трошоци, лозарите добиваат поддршка и во субвенционирање за зелена нафта која достигна и до 100 отсто, а во услови на криза поддршка е обезбедена и преку интервентните мерки.Изминатите две години во време на ковид кризата на лозарите им беа испалтени вкупно 649 милиони денари помош. Поддршка се обезбеди и за винариите во вредност од 67,6 милиони денари преку мерки со кои се помогна транспортот при извозот на вино.Паралелно се зголемува и бројот на винарски визби, кој заклучно со август 2022 година е 139, со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри. За малите семејни винарии е обезбедена финансиска поддршка до 10 000 евра за набавка на опрема за производство, мерка која предизвикува голем интерес.Мерките за лозарството даваат резултати бидејќи трета година по ред извозот на вино бележи пораст, и во количина и во вредност.СДСМ со континуирани мерки и политики и понатаму ја продолжува поддршката на оваа земјоделска гранка, како стратешки сектор чиј извоз позитивно влијае за јакнење на домашната економија.   СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан