СДСМ: Откако Мицкоски си го зголеми платите во Влада, вика нема да се покачуваат
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 10 декември 2024
Oткако си ја покачи неговата функционерска плата, заедно со платите на министрите кои после еден месец се пожалија дека не смее да им се намали платата, сега Мицкоски кажува приказни.
Нема да се зголемат платите на функционерите откако се зголемија платите на функционерите - вака звучи Мицкоски кој до пред неколку месеци ветуваше нешто друго дека како власт ДПМНЕ ќе ги намали платите на функционерите.
Тоа ветување Мицкоски не го исполни.
Додека Владата на Мицкоски не прифаќа ниту еден амандман за поголеми плати за работниците, за полицајците, за пожарникарите, одбива да ја зголеми минималната плата, во исто време ги зголемува парите за мебел и нови возила за функционерите.
Според Мицкоски сите треба да работат за минимум, но функционерите од власта и министрите да имаат огромни плати, да уживаат во нивните примања и да патуваат со бизнис класи на грбот на граѓаните.
Ваков арогантен однос кон граѓаните досега не покажала ниту влада како оваа на Мицкоски и ДПМНЕ.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Фото: МИА архива
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.