• сабота, 28 декември 2024

СДСМ: Неуспешниот митинг прати јасна порака, народот е против блокадите и антидражавното делување

СДСМ: Неуспешниот митинг прати јасна порака, народот е против блокадите и антидражавното делување
Скопје, 18 јуни 2022 Слабиот одѕив, лошата организација или со еден збор неуспешноста на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски упати јасна порака. Граѓаните на Скопје и од целата држава вечерва на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им порачаа дека се против деструкции и блокади, не ги поддржуваат анти државните делувања и не се за предвремени избори. Ваквата постапка од народот е очекувана за СДСМ. Првата цел на денешниот митинг беше обид за блокада на државата во клучни моменти и обид да се попречи успешното справување со најголемата економска и енергетска криза. Таа цел не успеа туку доживеа целосен дебакл. Сите чекори кои што се преземаа во изминатите неколку месеци беа со оваа цел, и за внатрешна употреба во рамки на ВМРО-ДПМНЕ и пропаднатиот митинг покажа дека се прочитани од граѓаните. Не може човекот кој брани криминал од епски размери, потврден со судски одлуки, како Талир 2, кој незаконски грабал од народот за криминално да го направи Белиот дворец друго да понуди. Човекот кој едно вели дома а друго надвор не може да биде опција за граѓаните, ниту за иднината. Требаше да ја стави пратеничката група во функција на граѓаните и законските решенија за подобрување на животниот стандард во услови на глобална и економска криза но тој продолжува со својата тврдоглавост на штета на граѓаните. Ништо ново од Мицкоски, граѓаните тоа го препознаа. Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски има план, има решенија. Политиките за подобрување на стандардот на граѓаните и соочување со предизвиците од кризата продолжуваат. Сите обиди за нови блокади и деструкции на Мицкоски  преземаме обврска повторно да ги поразиме. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан