СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 26 ноември 2024
СДСМ остро реагира на неодговорната и штетна одлука на Владата на Мицкоски да ги намали парите наменети за борба против загадувањето и обезбедување чист воздух.
Во време кога Скопје но и други наши градови повторно се меѓу најзагадените градови во светот, оваа одлука е негрижа и игнорирање на основните потреби на граѓаните, ова е удар врз здравјето на народот.
Според последните мерења во Скопје воздухот има зголемена концентрација на ПМ 2,5 честичките за 16 пати а ПМ10 честичките се со концентрација од 83,9 микрограми.
Воздухот е означен како ''нездрав'', што може да предизвика сериозна закана за здравјето на граѓаните.
Во вакви услови крајно штетна за здравјето на народот е одлуката власта да ги намали парите во Буџетот 2025 година за чист воздух за 51% и да ги намали а за животна средина да ги намали за 25%.
Има помалку пари и за енергетиката, парите за гасификација се преполовени а власта во Собранието не прифати досега ниту еден амандман на СДСМ за обезбедување повеќе средства.
Граѓаните се оставени да се гушат, власта на Мицкоски покажува дека нема намера ништо да преземе против загадувањето.
СДСМ
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото МИА архива