• сабота, 21 декември 2024

СДСМ: Мора да им одговорност за починатото бебе на Детската клиника

СДСМ: Мора да им одговорност за починатото бебе на Детската клиника

Скопје, 7 октомври 2024

 

Со голема загриженост ги следиме информациите за трагичната смрт на 14 месечното новороденче на Клиниката за детски болести и она што се случува.

Министерството за здравство и сите надлежни институции итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се утврдат причините за овој трагичен настан за кој мора да има одговорност.

Потврдените информации дека бебето било одбиено да биде хоспитализирано се крајно загрижувачки.

Ова е втор трагичен случај за една недела во здравствените установи.  

СДСМ бара подлабока анализа и целосна транспарентност во процесот на утврдување на одговорноста.
Јавноста заслужува да знае каде се направени пропустите.

Во изминатите 7 години, со вистинска грижа и соодветни мерки СДСМ успеа да ја намали неколкукратно смртноста кај новороденчињата. Во 2016 година смртноста била високи 25 отсто, во 2021 е намалена на 8,9 отсто а во 2023 година околу 5%.
Бројките постепено опаѓаат низ годините што укажува на унапредување на здравствената заштита на мајките и новороденчињата.
Неонаталната смртност СДСМ ја намали за 5 пати, во 2015 година изнесувала 6.8%о а во 2022 година е намалена на само 1,4%о. Во 2015 година во времето на ДПМНЕ перинаталната смртност изнесувала 12.8%о а во 2022 година е намалена на 6.9%о.

СДСМ набави морени инкубатори, кои недостасуваа, како и повеќе современи апарати, опрема,  микроскопи, системи за деминерализација, респираторни машини, подвижни протокомери за кислород и инвестираше во развој на соодветен стручен кадар.

Оттука, крајно загрижувачки е тоа што се случува сега и надлежните мора да преземат соодветни мерки да не се дозволи зголемување на смртноста на новоредничањата повторно.

Здравјето на мајките и новороденчињата мора да биде императив за секој здравствен систем.

СДСМ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан