• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СДСМ: Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка да поднесе оставка а тој не

СДСМ: Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка да поднесе оставка а тој не

Скопје, 15 април 2025 


Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка во Советот на општина Кочани од оваа партија да поднесе оставка од морални причини а тој не. 

По најголемата трагедија во државата којашто се случи во Кочани требаше да има морална одговорност на оној кој бил на чело на институцијата којашто била задолжена за безбедноста, а тоа е Министерството за внатрешни работи. 

Кривичната одговорност е нешто што треба да го утврди истрагата, за сите инволвирани. Но, за вакви трагедии мора да има чувство и за морална одговорност.

Јавноста сведочи и на селективност во досегашниот тек на истргата.

Се уште не се бара никаква одговорност од оние кои кобната вечер биле на функции и директно одговорни за превенцијата, безбедноста и соодветната реакција а се под надлежност на МВР.

Вечерта на трагедијата, постоеле одговорни раководители во ОВР Кочани, СВР Штип и БЈБ кои биле на позиција. Имало полицајци на лице место – виделе што се случува, имале увид во состојбата, знаеле дека има малолетници, пиротехника но не презеле ништо. И денес, никој од нив не е опфатен со истрагата.

Дури и дозволата за употреба на пиротехнички средства – директна причина за пожарот – паѓа под надлежност на МВР. А од МВР, ниту еден актуелен функционер не е осомничен.

Зошто нема одговорност за дежурните полициски службеници, раководители и функционери?

Зошто се гонат лица кои воопшто не биле надлежни во моментот на трагедијата, а не оние што требале да реагираат и спасат животи?

Дали ова не е понижување на правдата и селективна заштита на функционери блиски до Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ? 

 

Центар за комуникации со јавноста - СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 

Остани поврзан